Убавина

Совети за убаво тело од Хајди Клум

Таа е еден од најдобрите модели на нашето време. Мајка е на четири деца, има феноменална фигура и се уште е многу барана. Таа е од оние жени кои заслужено ја носат титулата супер модел и жена која треба да ни биде пример.  Затоа би било добро да одвоите малку време за да ги разгледаме нејзините мали тајни за перфектно тело.

Германската убавица е љубител на млекото. Поради тоа основните режими на исхрана ги базира на млечните производи. Ви предлагаме две варијанти од кои првата е потешка и ригорозна  но пак дава брзи резултати и интензивно губење на  вишокот килограми.  Оваа диета е често применувана и од останатите модели бидејќи е брза и ефикасна. Диетата трае 3-4 дена и е слднава: се пие само 1 литар млеко на ден, и не е важно дали е обезмастено или не. Меѓутоа овие неколку дена додека трае диетата не конзумирате ништо друго освен млекото. Вода може да пиете кога ќе посакате. Хајди го конзумира млекото на мали порции повеќе пати во текот на денот.

Втората диета е 4 дневна и се состои од урда 100 гр и пченични трици 2 лажици кои се мешаат со суво овошје и консумирање на чај од шипка неограничено и јогурт по 200 мл. Во текот на денот се прима 2-3 пати, но во мали дози од приготвената смеса. Во попладневните часови кога ќе почуствувате глад може да јадете свежи јагоди. Јогуртот се пие навечер а чајот од шипка се пие во неограничени количини во текот на денот но без шеќер.

Освен режимот на исхрана, Хајди редовно вежба. Кардио тренингот што го практикува изнесува 45 минути плус вежби со топка уште 45 минути. Неколку часа седмично моделот спортува со личен фитнес инструктор. Спред неа комбинацијата од правилна исхрана и спорт ги дава најдобрите резултати.

Напиши коментар