Ја обожуваме есенската колекција на Bottega Veneta бидејќи едноставно зрачи со толку многу класика, убавина и стил. Облеката на оваа модна куќа е омилена на немал број ѕвезди, бидејќи создава чувство на женственост, висока класа и луксуз. Во колекцијата владеат сексапилни модели и тешки квалитетни материјали, најчесто во нежни пастелни бои.














