Motherhood

Совршена интимност во бракот

Интимноста помеѓу партнерите веројатно е најважното нешто за долготрајноста на бракот, поточно за долговечноста на заедништвото. Но,за да создадете вистинска интимна атмосфера, потребно е малку повеќе труд. Следете ги овие едноставни совети за најбргу да стигнете до посакуваното.

1. Во распоредот на времето вметнете термини кои ќе ви припаѓаат само на вас двајцата и ништо друго нема да може да го попречи тоа.

2. Слушајте без да го прекинувате партнерот. Пред да одговорите, бидете сигурни дека она што ќе го кажете е точно, но не и злобно.

3. Изберете еден ден од неделата и забележете колку често ќе побарате од партнерот да направи нешто, да Ви помогне со нешто или да Ви даде нешто. Фокусирајте се на тоа да станете страната што ќе дава и кажувајте нешта што партнерот ќе ги цени.

4. Гледајте стар филм или слушајте стари песни и разговарајте за тоа на кој начин филмот или музиката Ве допрела.

5. Отидете в кревет и фокусирајте се на задоволување на партнерот, без разлика за што се работи, не мислете на своите потреби. Допирите се многу важни кога станува збор за градењето интимност.

6. Кога сте во толпа или добивате внимание, погрижете се да имате повеќе контакт со очите на партнерот одошто со останатите присутни.

7. Често кажувајте му на партнерот што Ви се допаѓа и што сакате кај него.

8. Побарајте помош од партнерот за надминување на слабостите наместо да ги оправдувате.

9. Отидете одново на местата каде што често сте оделе кога не сте биле во брак. Зборувајте за тоа и споделете ги првичните впечатоци. Кажете му на партнерот за чувствата што сте ги имале во тоа време. Така многу повеќе ќе се поврзете.

10. Кога партнерот се чувствува депресивно, никој нема толкава моќ како Вас да го издигне или да го дотолчи. Застанете до него и кажете му дека ќе останете до него и во добро и во лошо. Тоа сигурно ќе заврши работа.

 

 

Напиши коментар