Sweet Home

Совршени мириси за домот

Мирисот на просторот во кој живеете дава додатна нота, остава впечаток на вашите гостите за вашиот топол дом, дава пријатна атмосфера и пријатен престој.

Во таа смисла многу е важно да се персонализира секое ќоше на вашиот дом со посебна арома, за да на вас и на вашите гости им биде попријатно. Секоја просторија има свои правила.

Дневна зона

Во просторијата каде што сте во текот на денот, дневната и трпезаријата, користете стимулативни мириси, антисептички, кои произлегуваат од есенцијалните масла на мајчина душичка, бергамонт или бор.

Работна зона

Во оваа просторија потребно е додатна концентрација, затоа се препорачива мирис на лимун, рузмарин, мента или ѓурѓевак.

Бањата 

Жалфија и елка го освежуваат воздухот во бањата.

Кујна 

Мирис на лимум, портокал или бергмонт ги отстранува непријатните мирисите после готвење, а мирисот на јунипир поттикнува на апетит.

Ноќна зона 

За опуштање во спалната соба користете мирис на ружа, лаванда или кедар, додека детската соба најдобро е да мириса на камилица, коморач или матичњак. Ако спалната соба има тежок воздух, користете егзотичен мирис како на пример сандал или пачила дрво, кои покрај тоа што убаво мирисаат го возбудуваат вашето тело, па се добар сојузник во брачните води.

 

Напиши коментар