← НАЗАД НА БОЗА

Совршени усни за нежни бакнежи

Совршени усни за нежни бакнежи
1664 Читања

Доаѓа ладното време и на вашите усни е потребна посебна нега за да бидат нежни и негувани за страствени бакнежи.

Доколку имате ситни мали рани во устата ќе ви помогне чај од жалфија или камилица. Сварете чај, малку оладете го и плакнете ја устата неколку дена. Раната ќе се смири и ќе се реши лошиот здив.

Сакате да имате румени усни, но не сакате да користите кармин. Ставете на усните лимон. Лимонот ќе ја зголеми циркулацијата на крвта за наредни неколку часа.

За да имате меки усни користете мед. На почеток би било добро на четката за заби да ставите мед а потоа и на усните. Тие ќе бидат слатки и нежни.

Купете лабело базирано на какао путер. Тој содржи високо ниво на масти и ќе ги негува вашите усни во ладните денови.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk