Модниот бренд Sportmax ја објави својата рекламна кампања за најновата колекција наменета за жените со стил и префинет вкус. Ние ќе ви ги претставиме фотографиите кои се наоѓаат во каталогот со најновата облека од Sportmax.
Елегантни, софистицирани, модерни се парчињата облека за жените. Пролетта ќе ја разбуди и елеганцијата во вас, вели Sportmax. Освен белата боја, како доминантна во колекцијата има и парчиња облека кои се во шарени весели бои. Токму онакви какви што треба да бидете кога надвор ќе огрее пролетното сонце и ќе ве понесе пролетното расположение.





