Керозин

Стариот убавец Алфа Ромео Монтреал

Алфа Ромео Монтреал е модел кој бил произведуван од 1970 до 1977. За прв пат бил претставен на саемот „Expo 67” во Монтреал. Овој модел го имал моторот на претходниот модел, Алфа Ромео Џулија, а дизајнер на колата бил Марчело Гандини. Еден од моделите кои биле изложени на саемот „Expo 67”, е изложен во историскиот музеј на Алфа Ромео во Арезе, Италија.

Алфа Ромео Монтреал, во времето на нејзиното појавување, била поскапа од Јагуар и Порше 911. Таа во 1970 во Велика Британија се продавала за 5.077 фунти. Цената на овој модел константно растела, па така во 1976, таа изнесувала 6.999 фунти. Во 1977, производството на Монтреал завршило, и за овој седум годишен период биле произведени 3917 автомобили. Овој автомобил може да биде забележан и во филмот „The Marseille Contract” од 1974, во кој Мајкл Кејн вози темно кафеав Монтреал.

Има осум цилиндричен мотор од 2.593 кубни сантиметри, кој може да постигне максимална брзина од 220 километри на час. Има 197 коњски сили, а забрзување од 0 до 100 километри на час може да постигне за 7,4 секунди. Монтреал е тежок 1270 килограми, а долг е 4,22 метри, широк 1,67 метри и висок 1,205 метри. Неговата потрошувачка на 100 километри е 12,2 литри.

Write A Comment