Мода

Statement обетките стануваат се повеќе популарни

Многу познати дами го одбраа својот модел, а вие?

Statement, statement, statement…. Денес каде и да погледнете, стварите кои ги носиме со секоја нова модна сезона стануваат се поголеми, побогати и посеопфатни. Таква е и ситуацијата со обетките, за кои веќе порано пишувавме ова година, но неодамна познатите  трендсетерки ни дадоа прилика да насетиме како на ѓерданите , ланчињата и огромните нараквици околу зглобовите им поминало времето. statement обетките кои со  својата должина досегаат до рамињата  станаа омилен моден додаток на познатите Olivijа Palermo, Anni Dello Russo, Giovanni Battaglij i Joannа Hillman, кои со своите сопствени примероци обетки се видени во New York, London, Milanо i Pariz.

Дека statement обетките ќе ги гледаме и идната пролет очигледно на своите писти ни го покажаа звучните  дизајнерски имиња, како што се Marnijе, Pradо, Dolce & Gabbanа, Etra i Blumarinо. Како и да е , и те како забележливите обетки до рамињата делуваат прилично  свежо и со нив буквално нема да ви треба ниеден друг накит, бидејќи тие  веќе самите за себе ќе кажуват многу. Дали ќе се решите за  популарните обетки со реси  таканаречени туфки или пак метални со полудраги камења, изборот е само ваш.

Ние одбравме околу 20 – тина интересни модели кои можете да ги  видете во нашата галерија.

Write A Comment