Bridal

Стела де Либеро – дизајнер на венчаници со необична фантазија

Стела де Либеро е една од ретките дизајнери на венчаници која не се плаши да излезе од границите на традиција и да и дозволи на нејзината фантазија да завладее со нејзините дизајни.

Оваа дизајнерка ја презентираше својата најинвентивна колекција на венчаници досега, едноставно наречене „Боја“. Таа вели дека инспирацијата за оваа колекција ја добила од расцветаните цвеќиња, кои зрачат со неверојатна убавина. Луксузната колекција на венчаници вклучува екцентрични дизајни, природни материјали и огромна посветеност кон деталите.

Стела де Либеро се надева дека оваа колекција на венчаници, која е наменета за наредната пролетна и летна сезона, ќе достигне најголем успех досега, бидејќи денешните модерни невести не се ограничени само на белата боја, туку се храбри и сакаат да испобаат нешто ново и единствено, какви што се и нејзините фустани.

 

Write A Comment