Стикерите за ѕид се забавни самолепливи налепници кои служат за декорација на ѕидовите. Едноставно се лепат и едноставно се отстрануваат, што им дава вистинска неограничена можност за употреба. Формите и мотивите се најразлични, мотиви од природата, апстрактни мотиви, декоративни мотиви, мотиви за деца, бордури …

Стикерите се одлично решение доколку сакате да внесете брза, интересна и разиграна промена во вашиот дом, а притоа финансиското вложување да биде во согласност со вашиот домашен буџет. Можете да ги залепите на деловите на ѕидот кои се празни и неискористени или да направите оригинален интересен детаљ во домот.

Функционалноста на стикерите се огледува во нивната можност да се комбинираат со мебелот. На тој начин тие стануваат пратечки елемент на мебелот. Адекватниот избор на стикери овозможува прилагодување и стилско вклопување со боите или функциите на остатокот од ентериерот.

Стикерите можат да се лепат по површината на ѕидовите. Нивната функционалност е вонсериска. Се лепат на долните делови на ѕидовите, на аглите во просториите и …исто така доколку имате простории во кои висината е над стандардната, можете да поставите хоризонтална бордура на висина која над некоја комода или гарнитура и така визуелно да ја смалите висината на вашите ѕидови.

Стикерите се најпрактични кога станува збор за детските соби. Имено поради можноста за постојано менување Вам ви преостанува само да ги прилагодувате според возраста на децата.

Стикерите можете да ги користите во секоја просторија во домот, вклучувајќи ги и кујната и бањата. И сето тоа на многу дискретен, ексцентричен, луциден и секако оригинален начин.

Искористете ја новогодишната еуфорија и украсете ги ѕидовите со стикери во облик на новогодишни украси и мотиви.

На вас останува дали ќе ја искористите мултифункционалноста на стикерите!!!



3 коментари
znaeme za stikeri ama dali moze a se kupat i vo mk ?
ne bidete glup .sekako deka ima i vo mk.i sekako deka moze da se kupat . ehehheheheeeheheh.me nasmea mn . JOC .:* te sakam mn.Kiss i do tebe .
zdravo kako mozam da kupam od stikeri te ? ja ssum od prilep i kolku pari se