Мода

Стил и слобода со Bershka!

Последниот каталог на Bershka ни презентира извонредни модели носејќи во себе чувство на женственост и елеганција. Шпанската модна куќа, миленичка на милиони фанови шурум светот, сезонава го пласира стрит имиџот во своите креации. За есенската колекција дизајнерите на Bershka се залагаат за монотониот тоналитет. Облеката претежно е во темната гама како сиво, црно, лилаво и сино но се освежени од пастелно розово и бело. Актуелните принтови додаваат солидна доза градски шик. Денимот е прекрасно решение за секојдневниот аутфит, рок тенденциите продолжуваат да се хит, а кожените палта и оние од крзно придаваат шикозен привкус на женската визија.

Во колекцијата на Bershka  и оваа сезона има прекрасни аксесоари. За оние со поистанчен вкус идеални се малите чанти тип плик, а за оние динамичните ги предлагаат обемните големи модели. Чевлите се на висока платформа, очилата се со ретро рамки, а шалот е задолжителен!

Фотограф на каталогот е Sergi Jasanada, а облеката ја презентира прекрасната  Kathleen O’Brien.

 

Напиши коментар