Мода

Стилот на миленичката на таблоидите, Ким Кардашијан

Миленичката на сите таблоиди, Ким Кардашијан присуствува на сите светски гламурозни настани и секогаш изгледа перфектно. Таа знае секогаш како треба да изгледа, и на вип настаните и во секојдневието.

Блесок но не само во очите

Кој е задолжителниот елемент  на вечерниот аутфит? Прекрасен накит, се разбира. Таа тврди дека секое парче облека може да стане специјално единствено со додавање на скап и масивен накит. Таа има свој мајстор кој израбутува накит специјално само за неа  и кој може да ја матејализира секоја нејзина желба и идеја.

Високо, високо…

“Мразам ниски обувки!”- Вели Ким. Таа смета дека со помош на високите обувки ја издолжува својата фигура. Високите подпетици ја прават да се чуствува убава и секси.  И ние наполно ја подржуваме, бидејќи навистина изгледа неодоливо, качена секогаш на високи подпетици.

Да за облините!

Речиси никогаш не сме ја виделе ѕвездата без да носи колан, бидејќи со тоа ги акцентира своите облини што и донесоа светска слава. Според неа облините се женствени и секоја жена треба да се гордее, а не да се обидува да ги прикрие. Послушајте ја, бидејќи и машкиот пол се согласува со неа.

Сончеви очила

Парти девојката тврди дека поседува повеќе од 200 чифта сончеви очила, а ние и веруваме бидејќи скоро никогаш не сме ја виделе со едни исти очила два пати. Таа ретко излегува од дома без очила, особено кога е без шминка.

Ким може и да штеди…но не сосема!

Секогаш кога и да се појави Ким на црвениот тепих ја гледаме во безобразно скапи парчиња облека, аксесоари и накит, но наскоро таа изјави дека обожава да пазарува од Зара и H&M за секојдневието. Единственото од кое никогаш не би можела да се откаже се брендираните сончеви очила, чантата Birkin на Hermes и обувките на Christian Louboutin.

Ги разгледавме типичните за Ким Кардашијан методи, за да изгледа секогаш добро, а тоа е факт, бидејќи скоро никогаш не не разочарала со нејзиниот избор, со исклучок на неколкуте кичозни аутфити во минатото.

Напиши коментар