Мода

Стилот на Викторија Бекам – фешн икона

Секогаш се раководам од идеата дека ако деколтето е големо, тогаш нозете мораме да ги покриеме. А ако сакате да ги истакнете нозете подобро е да облечете затворен без деколте фустан. Не е неоходно да покажете се! Многу е посекси да оставите место на фантазијата…”- вели таа.

Титулата и стои идеално, во полна хармонија со нејзиниот беспрекорен стил. Викторија Бекам често е критикувана поради некои навистина глупави изјави ,но стилот и е во непрекинат прогрес.

Таа самата призна дека нема да биде најдобрата пејачка но се надева да биде добар дизајнер. Засега се справува повеќе од успешно во пренесувањето на модата од хоби во професија.

Каков е стилот на Викторија Бекам?

Започнува да го гради личниот стил уште од мала. Не случајно ја нарекуваат Posh (от англиски – елегантен, шик), со времето се усовршува и го налага имиџот на изтанчена и сериозна дама.

И покрај тоа што често ја обвинуваат дека е надмена и студена критичарите нема како а да не и го признаат беспрекорниот стил и да ја определат како фешн икона. Омилени нејзини дизајнери се Донатела Версаче и Долче Габана. Амбициите да се наложи како модна икона доведе до појавата на книгата (“That Extra Half an Inch by Victoria Beckham”) каде Викторија ги нуди своите совети за совршен стил.

Нејзините креации се максимално исчистени линии, без излишни елементи препокривајќи се со нејзиниот личен стил на облекување. Преовладуваат фустаните со вграден корсет, со должина околу коленото, а боите најчесто се црно, црвено и бело. Модните критичари се искажуваат ласкаво во однос на нејзините колекции.

Што не ни се допаѓа во стилот на Викторија Бекам?

Понекогаш височината на нејзините подпетици ни доаќа премногу, како и нивните чудни форми. Немаме ништо против манијата на Posh, но нејзините слаби нозе така изгледаат како две тенки прачки поради моделите на чевли што ги носи.

Напиши коментар