ШоуБиз

Стивен Жерард по терт пат татко

Кога Мадона ја крсти ќерката Лурдс, многумина се зачудија. Сега на истиот потег се одлучи и ѕвездата на Ливерпул, Стивен Жерард. Тој, својата трета ќерка ја именува по привидението на Дева Марија од 1858 година во еден француски град по име Лурдс, каде секоја година милиони христијани одат на аџилак. Се вели дека Дева Марија му се прикажала на едно 14-годишно девојче по име Бернадет.

Хеговата жена Алекс Куран (29) се породила пред неколку дена и се чувствува одлично. Бебето е здраво и живо. Жерардови им се заблагодаруваат на медиумите што засега ја почитуваат нивната приватност.

Инаку, двојката има уште две ќерки, 7-годишната Лили-Ела и 5-годишната Лекси.

Write A Comment