Цел свет дозна дека супер моделот на модната куќа „Victoria’s Secret“, Алесандра Амброзио е бремена, и сега допрва следат фотките од текот на нејзината бременост.
Алесандра позира на плажа заедно со 3-годишната ќерка Ања Луис и годро го покажува своето труднечко стомаче, а под сликата напишала на англиски и на португалски:
– Јас, Ања и Џејми сме пресреќни и искрено ги цениме прекрасните желби кои ги добивме од сите вас! 2011 година беше исполнета со неверојатни подароци, а ова е најголемиот благослов за мене! Ања ги исполни нашите животи со љубов, а ние со нетрпение го очекуваме новиот член на нашете семејство оваа пролет.

Сликата има над 1.500 лајкови и над 140 коментари во вид на честитки.
За Амброзио семејството е најважната работа на светот и таа е пресреќна што има семејство кое ја поддржува и ја сака.

