Час го има, час го нема. Е, баш така може да го наречеме трудничкиот стомак на популарната Бијонсе, која завчера вечерта гостуваше во емислијата „Late Night“ кај Џими Фалон.
На крај на емисијата, пејачката која е трудна веќе шест месеци, ја запеа новата песна „Countdown“. Она што ги збуни сите гледачи е фактот што таа се појави во кратко црно фустанче, а трудничкиот стомак никаде го немаше.
Одговорот на оваа мистерија е што емисијата е снимена дури во текот на изминатото лето, а наводно дури сега се емитува на телевизија. Тоа повторно ја отвара незалечената рана: „Сега го има, сега го нема! “ во која е вмешан токму стомакот на Бијонсе.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PWo1tXRHkvw&
