ШоуБиз

Страшни копии на Кејт и Пипа! Ќе си купите една?

За обожавателите на кралското семејство стигнаа добри вести. Сега ќе можат да си купат минијатурни копии од Кејт и Пипа Мидлтон. Меѓутоа, она што е застрашувачко е фактот дека тие повеќе личат на акциони херои отколку на членови на кралското семејство.

Американскиот бренд „Herobuilders“ кој се занимава со изработка на акциони фигури, направил застрашувачки копии од сесртите Кејт и Пипа Мидлтон. Иако, пред нивните имиња секогаш стои епитетот „елегантни“, овие мали фугури ги покажуваат сосема спротивното. Двете се облечени во венчаници, но заштрафените зглобови и машките фаци ги изненадија сите.

Сепак, да знаете дека овие фигури се доста скапи. Принцезата Кејт можете да ја купите за 140 евра, а Пипа ќе ја добиете за 37 евра. Производителот засега е воодушевен од интересот и побарувачката за новите „акциони принцези“.

А, вие, што велите?

Write A Comment