Керозин

Subaru BRZ STi концепт- првите официјални фотографии

После долго чекање ви го претставуваме Subaru BRZ концепт STi- верзија којашто е скоро спремна за продажба, а е развиен со заеднички напори на Subaru и Toyota.

Купето ќе биде претставено на овогодинешниот саем на автомобили во Лос Анџелес, на 16ти ноември.

Во моментов не се познати многу технички информации, освен стандардните како тоа дека BRZ ќе има фабрички боксер мотор, нешто што беше познато од првиот ден.

Според моменталните информации, споменатиот агрегат ќе има 2.0-литарски четвороцилиндричен боксер, со околу 200 КС.  Сепак, Sti ознаката на купето е знак дека помоќни и побрзи варијанти се во план.

Write A Comment