ШоуБиз

Сури Круз „урлала“ насред продавница! Ама разгалена :))

Сури Круз е едно од омилените деца на познати родители и секогаш е одлично облечена, насмеана и весела. Сепак, во една продавница за играчки во Њујорк, Сури ги изненадила сите присутни.

Не знаеме дали ги добила сите подароци од списокот кој го состави за Дедо Мраз, но очигледно нешто не ѝ било по волја. Во една њујоркшка продавница, облечена по последна детска мода, Сури викала на цел глас, а мама Кејти се обидувала да ја смири.

Причината за незадоволството не е позната, но се претпоставува дека се работи за некоја играчка. За среќа проблемот бил набрзо решен, па неколку саати подоцна Сури е видена како оди на час по гимнастика со своите родители и била прилично среќна и расположена. Деца…

Write A Comment