← НАЗАД НА БОЗА

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика
2007 Читања

Доколку сакате да го украсите својот дом, да му дадете нота на елеганција, романтика и префинетост, или едноставно доколку сакате да внесете промена употребете свеќници и свеќи. Тие своето место може да го најдат во скоро секој дел од домот и на тој начин да го збогатат амбиентот, внесувајќи топлина во ентериерот. Деталите околу нив може да бидат поврзани со некоја пригода или да бидат независни од ова.


Доколку сакате да истакнете одредено парче мебел или катче од просторијата, доволно е во него да се сместат свеќи. Може да се постави една или повеќе, со различни големини и облици. Може да се постават во стаклени, проѕирни садови дополу наполнети со вода, на овални чинии или секако, на свеќници.

Ако ви се подраги свеќниците, денес може да се најдат во сите можни големини, облици и бои. Се изработуваат од дрво, метал, пластика, стакло … Изборот останува на вас.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk