Дестинации

SWAROVSKI CRYSTAL WORLDS – Магијата на блескавиот Сваровски

Гламурозниот Swarovski Crystal Worlds во градот Wattens, Австрија ги привлекува и младите и старите во прекрасниот свет на блескава фантазија и реалност. Не смеете да ја пропуштите оваа сензација од бајките.

Swarovski Crystal Worlds е ризница на скапоцени и восхитувачки богатства. Овој свет од бајките и неверојатниот амбиент од блескави кристали ќе ве маѓепса.

Овластен од страна на австриската фирма на Сваровски, познатиот уметник Андре Хелер го создал овој илузорен сјаен свет кој е поделен во девет чудесни комори во уметничката гигантска фонтана статуа. Од своето отворање Swarovski Crystal Worlds прерасна во една од најголемите туристички атракции во цела Австрија.

Светкавите кристали ги чува џиновската глава од чија уста тече вода. По поминувањето на влезот пред вас се појавува огромно море од блескави кристали. Во близина на самиот влез се наоѓа „Планетата на кристалите“ која е 3Д проекција со мотиви од историјата на светот. А врв на ова прекрасно здание е „Кристалниот Театар“ кој нуди посебно искуство како за возрасните посетители, така и за најмладите.

Write A Comment