ШоуБиз

Тајгер Вудс со хот дог в лице:)

Некои од фановите на голфот очигледно и немаат многу добро мислење за Тајгер Вудс, а еден од нив незадоволството го покажа завчера на натпреварот на Сан Мартин „Fry’s Open“. Додека голферот бил на теренот, еден од гледачите се провлекол под јажето, го повикал Тајгер и во лице му фрлил хот дог, кој потоа се нашол на тревата. По инцидентот, гледачот ги кренал рацете и му се препуштил на обезбедувањето.

Се работи за 31-годишен човек од Санта Роуз, Калифорнија кој не бил пијан, ниту пак под дејство на наркотици. Иако во текот на денот имал конзумирано малку алкохол, гледачот рекол дека не целел директно кон Вудс.

–        Тоа беше некој тежок идиот. Можеше да биде многу полошо, на пример, ако фрлеше со чили хот дог, – изјавил директорот на обезбедувањето Ден Дигинс.

Фрлањето на хот догот предизвика доста смешни коментари, но целиот настан можел да се претвори и во трагедија.

–        Знаеше дека обезбедувањето ќе го фати. Некој можеше и да пука, – изјави Ајрун Атвал, еден од голф играчите.

–        Целта му беше само да се појави во медиумите. И сигурен сум дека ќе се појави, – кратко изјави Вудс.

Напиши коментар