Prison brake

Тајните дневници на Британските специјалци од Втората светска војна! Ексклузивно нели?

Новите документи го откриваат најтајниот план на Британците за порано завршување на војната, кое сакале да го постигнат со убивање на најчудовичниот офицер на Хитлер, Ервин Ромел.

Неколку часа пред четворицата британски падобранци да се спушат во францускиот дворец, со намера да го убијат или заробат Ервин Ромел, најмладиот нацистички фелдмаршал е тешко повреден за време на воздушниот напад на Сојузните сили. Наместо во француската база, итно го пренесуваат на лечење во Германија. Погодувајќи го со проектил автомобилот на чие задно седиште се возел некогашниот Хитлеров „Liebling“, напаѓачите на RAF во 1944 година несвесно ја спречуваат една од најважните британски завери во Втората светска војна. Тој летен ден, командантите на елитната единица ЅАЅ биле пратени на внимателно планираната мисија во која  „или ќе погинат или ќе се прослават“. Барем така пишувало во заповедта.

Супертајни документи

–        Треба да се има на ум следново: ако навистина успееме да го киднапираме Ромел и да го однесеме во Англија, пропагандната корист ќе биде неизмерна. Од друга страна, да го убиеме Ромел е далеку полесно. Но, подобро е да се впуштиме во првата идеја, а втората да ја оставиме настрана засега, – пишува во извештајот со жиг на кој пишува „супертајно“, а датумот е јули, 1994 година.

Документот е испишан само на едната страна и е дел од записите кои се чувале под клуч цели 70 години. Првите дваесет години, за нив не знаел никој освен еден неименуван командант кој ги напишал и опсесивно ги собрал и заклучил сите документи и слики кои му дошле до рака.

Кариерист и лажго

Очигледно високопозицираниот офицер и во својата длабока старост се грижел за архивите на ЅАЅ сакајќи легендарниот настан и план за го стави во заборав. Документите се наоѓале во сандаци со катанци сè до неодамна, односно претходната недела, кога биле пронајдени и увезени во Лондон. Се работи за „Воени дневници на ЅАЅ 1941-1945“, а изданието е лимитирано, објавено на околу 600 страни, тешко преку 11 килограми. Испечатено е во 1000 примероци, а чини 1500 долари.

Воените дневници содржат ретки и досега невидени фотографии, супертајни заповеди и извештаи од прва рака, често испишани од раката на полковникот Дејвид Стиринг. Најспектакуларен документ е заповедта да се убие или киднапира Ервин Ромел, една од најконтраверзните фигури во Втората светска војна.

Документите исто така покажуваат дека фелдмаршалот избегал од ЅАЅ само три месеци пред да изврши самоубиство по неуспешниот обид да се убие Хитлер. Иако современиците го опишувале како чесен нацист кој под еднакво ги гледал и заробениците и властите, во Британија момантално се снима филм кој најверојатно ќе ја затемни таа исфилувана биографија. Семејството Ромел остро реагирало на екранизацијата на новиот филм посветен на германскиот офицер. Синот на Ромел, 82-годишниот Манфред Ромел вели дека сето тоа е чиста фабрикација и невистина. Особено се навредиле што Ромел е наречен лажго и кариерист.

Снимателите на филмот, на ова одвратиле дека филмот се снима врз основа на долгогодишни истражувања и изјави од воени ветерани.

Ромел како чудовиште

Режисерот Ники Стеин изјавил дека намерата му била да го прикаже Ромел како чудовиште.

–        Направивме приказ за цела генерација Германци кои предоцна сфатија дека личноста, на која толку лојално и страсно ѝ служеле, е само обичен криминалец.


 

Напиши коментар