Керозин

Talbot-Lago/Darrocq T150 C Cabriolet

Овој Darrocq / Talbot-Lago е еднократна посебна изведба слична на стилот на Delahaye  од 1936 година. Оваа посебна единица била продадена на истакнато семејство во Португалија и останала во семејството до 1975 година.

Автомобилот е опремен со четири-литарски шест цилиндричен Talbot-Lago мотор со Hemi тип на глава и три-карбуратори. Исто така има Вилсон трансмисија.

Овој Talbot-Lago бил еден од највпечатливите во својата ера. Карактеристиките вклучуваат понтонски браници, ниско ветробранско стакло и интимни седишта за двајца. Колата изгледа како да се движи, уште додека стои. Таа неодамна претрпела целосна реставрација и дебитирала на Pebble Beach во 2006-та година каде што го освоила францускиот куп.

Напиши коментар