Богатата Тамара Еклстон има проблем со прекумерното трошење на семејните пари, барем така тврди нејзината мајка Славица.
– Свесна сум дека е рецесија. Мајка ми секогаш ми вели дека не смеам толку многу да трошам – кога ќе ја види мојата облека и моите чевли во плакарот ми вика дека имам ментален проблем. Не можам да глумам дека тоа не е мој живот, – изјави Тамара.
Иронично, моментално Тамара го снима своето реално шоу „Девојка од билион долари“ во кој сака на светот да му покаже дека и таа е само обична девојка и дека воопшто не е разгалена.
– Ок, понекогаш се чувствувам лошо поради сето тоа, но тоа не ме прави лоша личност. Нема да лажам и да речам дека не сум вљубена во облека и чанти, – признава таа.
Самата признава дека е зависна од шопинг.
– На некои луѓе им треба кокаин, мене ми требаат чевли. Додека некои луѓе собираат уметнички слики, јас собирам чанти, – открива низ смеа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=6vZejyHWNog&
