Сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска се скарале насред една телевизиска емисија поради различниот вкус за музика. Тамара изразила остар став кон Сека Алексиќ, Аца Лукас и Шабан Шаулиќ, а Тијана пробала да ја потсети што е тоа „убаво однесување“.
На Тамара ѝ пречи фактот што во Македонија сè повеќе се зголемува бројот на српски пејачи кои гостуваат:
– Постојано гостуваат Шабан Шаулиќ, Аца Лукас, Сека Алексиќ… тоа е страшно. Не можам да ја сварам таа музика!
– Во шоу-бизнисот има место за сите, и за тие кои не знаат и за тие кои знаат да пејат. Нема пејачи на забавна и народна музика, има само добра и лоша музика. Сакаш да ми кажеш дека последниот албум на Лепа Брена не е добар? Тамара, на вечер, што порачуваш да ти свират во кафана? Хаус музика?, – ја запрашала Тијана својата помала сестра која ѝ одговорила:
– Песните кои јас ги нарачувам не се турбо фолк. Сакам да кажам дека во еден месец во Скопје има и по пет концерти на такви пејачи!
Тијана на тоа искоментирала дека со овие зборови Тамара сигурно навредила доста луѓе и дека треба малку да поразговара со неа за да ја упати на вистинскиот пат како што го правела тоа и досега.
