man fashion

Тенката граница помеѓу „ин“ и „аут“’

Понекогаш од толку големи грижи да бидеш секогаш во чекор со модата, нередко се случува наместо саканиот ефект, да се стигне до т.н.р. изглед „каликатура“. Затоа следи ги нашите модни совети, со кои ќе ти дадеме насока како да НЕ комбинираш некои модни решенија и се разбира ќе ти дадеме убедителен аргумент во полза на нашето тврдење.

  1. Елечето е еден толку силен детал, што неверојатно добро ја збогатува целокупната крајна визија на комбинацијата. Бојата на кошулата не мора да биде бела, но важно е елечето да ви биде по мерка, односно се носи припиено за добро да изгледа.
  2. Ваквите фармерки денес се симбол за фенси и модерен маж, надополнети со впечатлив колан, кој во никој случај не треба да се занемарува бидејќи ја има силата да ја претвори едноставната комбинација во мошне модерна.
  3. Машката кошула, било каква боја или модел е добар избор. Во зависност од панталоните со кои ќе ја комбинирате можете да си играте со вашиот стил, од елегантен до спортски, но што и да изберете, тоа е полн погодок.
  4. Шапката е моден аксесоар кој неверојатно добро ја збогатува спортско елегантната комбинација.
  5. Сакото во комбинација со фармерки е перфектно решение, што едновремено е добрар избор и за секојневниот аутфит, но и за вечерно излегување со нешто по класична кошула и тренди панталони.

Напиши коментар