ШоуБиз

Тешко ми е без Никол!

Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон признава дека тешко го поднесува раскинувањето со Никол Шерзингер и дека моментално, семејството му е најголема поддршка.

Нема ни што да крие, кога сите се свесни дека периодот на раскинување на 4-годишната врска му падна многу тешко на Хамилтон. Вели дека моментално најмногу им се радува на претстојните празици кои планира да ги помине во кругот на семејството. Луис верува дека емоционалните проблеми нема да му влијаат на работата и дека максимално ќе се фокусира на трките кои му следат.

Да се надеваме дека е така, со оглед на тоа што пред некој ден Луис го оствари најдобриот резултат оваа година. Засега, го чекаат уште три важни трки, во кои можеби ќе најде утеха. И кој знае?

Океанот е полн риби…

Напиши коментар