Војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон откри кој е главен во бракот со Вилијам, а ние можеме само да претпоставуваме – да бидеш дел од кралското семејство не е ни од блиску лесна задача.
Кралскиот пар, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнале на отворањето на „Oak“ центарот за деца во лондондката болница Ројал Марсден. Овој центар е вреден 18 милиони фунти.
Во таа прилика, новинарите ја запрашале Кејт дали планира стане дел и да соработува со центарот за деца заболени од рак во болницата, бидејќи Кејт помага и во бројни други хуманитарни акции. На ова прашање таа смирено одговорила: „ Морам да размислам, Вилијам е главен“.
По таа изјава, многу се прашуваат за што сè друго Вилијам е главен. Дали е главен за сè и Кејт не може да донесе ниедна одлука на своја глава, па дури ни дали ќе стане дел од некоја хуманитарна акција или не.
Во секој случај, не е воопшто лесно да се биде дел од кралското семејство и да се вршат „кралските“ должности.
