Мода

Тесни фармерки за секое тело

Популарни се веќе неколку сезони, а ќе бидат и ова есен.

Во комбинација со тесните фармерки одлично одговараат широките и како вреќа џемпери. Меѓутоа кога ќе купувате би требало да обрнете внимание на неколку важни моменти.

Одберете ги оние фармерки кои во себе содржат еластин бидејќи се поудобни, а ќе можете да ги облечете и после ручекот.

Внимавајте на големината! Ако многу ве стегаат, одлучете да купите еден број поголеми пантолони. По перењето сигурно ќе се стеснат уште малку, па нивното облекување би ви претставувало вистинска подвиг.

Облека по мерка

Само ако имате совршено тело, во спротивно избегнувајте ги фармерките со џебови и други украси, бидејќи ќе ви го рашират пределот околу колковите.

 

Светлите бои и шарите во пруги ќе ви додадат неколку килограми; избегнувајте ги и наместо нив купувајте пантолони со потемни бои.

Ќе изгледате поиздолжено ако на тесни пантолони обуете чевли со високи потпетици. Меѓутоа, не претерувајте со височината на потпетиците затоа што би делувале нестабилно, па дури постои опасност и навистина да се повредите. Штикла со средна височина би одговарала најмногу.

 

Тесна маичка на тесни пантолони и не е баш некоја си згодна комбинација. Пробајте со блуза која лежерно паѓа, долга туника или пак широк како вреќа џемпер.

 

Напиши коментар