Дестинации

The Painted Hills – неверојатна убавина

Шарените ридови се интересна геолошка појава во Орегон, САД.

Разнобојните слоеви на овие ридови кореспондираат со различните геолошки ери низ кои поминале овие простори за време на формирањето. Во древни времиња – пред 50 милиони години, овој простор бил речно дно. Црните области се лигнин – фосилизирана растителна маса која некогаш растела покрај реката. Сивите бои се должат на талозите од различните видови песок, а црвените слоеви се различните почви кои содржат многу различни елементи.

Овде се наоѓа изобилство на фосилни остатоци од рани коњи, камили и носорози кои некогаш ги населувале овие простори.

Шарените ридови се особено важни за палеолозите, но е популарно место и за туристите.

 

 

Напиши коментар