Мојата кујна

Тиква за здравје

Месото или суштината на тиквата е совршена за регулирање на варењето. Количината на тиква во исхраната би требало да го намали страдањето од запек, болен стомак или црева.

Тиквата е природен диуретик и би требало да ја јадат луѓе со инфекции во уринарниот тракт, воспаление на бубрезите, мочниот меур и жолчен меур. Тиквата има големо ниво на вода ( до 95% ) а сосема мало ниво на масти.

Сржта на тиквата е лесно сварлива храна, ниска енергетска вредност, и добра количина на витамини и минерали. Енергетската вредност на тиквата е околу 28 калории на 100 грама. Таа е исклучително богата со бета каротин, витамин Ц, Е и Б витамини и минерали, калиум, калциум и фосфор.

Од тиквата можете да направите салата, сок или да ја употребите во разни солени или слатки јадења.

Напиши коментар