Мојата кујна

Тирамису

Тирамису, италијански рецепт кој сега можете да го направите и во вашата кујна.

 

Потребно е:

5 жолчки

60 гр шеќер

100 мл десертно вино, поделено по 50 мл

400 гр маскарпоне сирење (го има во поголемите маркети)

200 мл слатка павлака

50 мл сварено нес кафе, без шеќер

1 лажиче екстракт од ванила

200 гр пишкоти

какао во прав за посипување

Подготовка

Во мало тенџерче загреано на средна температура ставете вода (две чаши). Оставете да зоврие водата.

Во огноотпорен сад настрана, одвојте 5 жолчки. Убаво одвојте ги жолчките, за во никој случај да не падне белка во жолчките. Во жолчките ставете го шеќерот. Мешајте со жица за матење додека да побелат и да се згустат жолчките.

Садот ставете го врз тенџерето со вода и полека додавајте го виното (50 мл), мешајќи со жицата. Ставете го ескрактот од ванила. Гответе пет минути додека да добиете убав и густ крем.

Покријте го садот со пластична фолија и оставете го во фрижидер 45 минути. Во сад настрана, ставете го маскарпонето (на собна температура), измашајте со лажица и додајте ја претходно изматената слатка павлака со три лажици шеќер. Целата смеса со маскарпонето и слатката павлака измешајте ја убаво.

Кремот ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Измешајте ги виното (останатите 50 мл) и 50 мл нес кафе.

Земете правоаголно тавче. Секоја пишкота натопете ја во миксот од кафе и вино и наредете ги во еден слој во тавчето.

Врз нив, намачкајте од филот, рамномерно.

Врз филот, со цедалка посипете со какао во прав.

Потоа, наредете пак пишкоти натопени во вино и кафе, па врз нив ставете фил и врз филот пак какао со цедалка. На крај, вака треба да заврши тирамисуто, со какаото врз филот.

 

Десертот ставете го во фрижидер да се олади неколку часа пред да го сервирате.

 

Напиши коментар