Мода

Точкаста есен

Точките се најголем хит оваа есен. Ги фрлаат во сенка сите други детали и графити и ја окупираат колекцијата на најдобрите и најзвучните дизајнери.

Палетата на бои дава многу повеќе од црна и бела, иако црно-белата комбинација сеуште е број еден и е најзастапена. Најголеми поддржувачи за појавата на оваа мода се Marc Jacobs и Stella McCartney, кои беа облечени во модели со точки од глава до пети – во буквална смисла.

Ако не сакате да експериментирате и да бидете баш во центар на внимание вие не морате да го копирате овој стил и да идете толку далеку. Земете едно парче облека за да бидете шик и тренди.

Напиши коментар