ШоуБиз

Тој изневерува, таа се суши!

Деми Мур беше дел од премиерата на филмот „Margin Call“, која се одржа вчера, а она што ги шокира сите беше нејзината преслаба фигура. По сè изгледа брачните проблеми ѝ задаваат премногу главоболки, па тоа драстично ѝ се одрази и на телесниот изглед.

Деми Мур е кожа и коски. На премиерата на својот нов филм се појави во црвен припиен фустан, во кој веднаш се забележува нејзиното претерано слабо тело. Ештон Качер на секој чекор ја изневерува, а таа и понатаму го носи венчалниот прстен. Не дека треба да ѝ замериме, од причина што тешко е да се поднесе неверство, но уште потешко е да се отфрли бракот.

Во медиумите последно се шушка дека можеби жената со која Ештон ја изневери Деми е трудна, а такви гласини се раширија и за неговата поранешна девојка, актерката Џенуар Џонс.

Погледнете и проценете сами дали Мур била послаба од ова:

 

Напиши коментар