Sweet Home

Тој магичен Бонсаи

Во Јапонија каде што религијата проповеда почит кон природата, возрастта и предците на човечкиот род, Бонсаито е високо почитувана уметност, што ја симболизира битката на едно дрво со природните стихии и како секое живо суштество и тоа расне, има своја индивидуалност и свој карактер.

Но одгледувањето на мини дрвцето во убави керамички садови потекнува не од Јапонија, туку од Кина. Пред повеќе од 2000 години за време на династијата Хан, почнале да го одгледуваат ова прекрасно мало растение, а во 12-от век будистички монаси го пренесуваат бонсаито во Јапонија со убедувањето дека малите дрвца се свети предмети и ги нарекувале “зелените стапки кон небото”.

Традицијата на одгледување на овие минијатури се пренесува со љубов од татко на син. Има примероци на бонсаи стари и по 500 години, но вистинските љубители знаат дека цената на оваа мала склуптура не е поради староста, туку се одредува според тоа колку старо изгледа дрвцето. Понекогаш се потребни дури три поколенија за да се создаде еден вистински совршен бонсаи. Важно е да поседуваш многу трпение и фантазија.

За овие џуџенца се потребни витамини и минерална почва, вода и сонце – затоа овие мини дрвца се поздрави и живеат често пати многу подолго од своите браќа гиганти во горите.

Со еден збор, исто како и домашните миленици во едно семејство, и бонсаито бара постојано внимание и грижи.

Бонсаито е прекрасна декорација за отворени и затворени простори, канцеларии, тераси и.т.н.

Меѓу сите форми на бонсаи, “maple” е една од најпознатите.

 

“Maple” бонсаито  ја менува својата боја во зависност од сезоната, може да биде со златна боја, зелена, црвена и темно вино.

Бонсаите ги има повеќе видови, облици и големини. Погледнете:

Кинески “Elm” бонсаи

“Џуџест калинка бонсаи”

“Џунипер” бонсаи

Основа на бонсаи стилот “Chokkan”

Метла форма, “Hokidachi”

“Shakan”, неурамнотежена стабилност

“Moyohgi”, романтична аура

“Kengai”

“Анегдота во шумата”

 

 

 

Напиши коментар