ШоуБиз

Том Круз во забавен парк…му се враќа на детството:)

Дали ве интересира како ѕвездите ги поминуваат своите слободни денови во кругот на најблиското семејство? Па, и тие се луѓе, и тие уживаат во едноставни и мали нешта како обичните смртници.

Холивудскиот актер Том Круз направи пауза за време на снимањето на најновиот филм „Shot One“ со цел да му се посвети на своето семејство. Се разбира, на сопругата Кејти Холмс и на 5-годишната ќерка Сури.

Нам ни се чини дека Том се изморил од снимање напорни сцени, па одлучил да поужива во друштво на најблиските личности. Сопругата и ќерката му дошле во посета во Питсбург, каде Том моментално снима, а Том ги одведе во забавен парк. Од сликите можете да видите колку обично и среќно е ова мало холивудско семејство.

1 Коментар

Напиши коментар