Новата модна сезона веќе започна. Што е она што ве тера да го обновите својот гардеробер, да си го смените имиџот, или целосно да се трансформирате? И по какви правила треба да се раководите? Погледнете на што треба да обрнете внимание и врз што треба да биде акцентот, за да го добиете посакуваниот ефект.
За почеток, колку да се ориентирате во новиот моден тек, ви предлагаме да ги разгледате топ 10 колекциите за сезонава, онака како ги подредиле од style.com. Учете од најдобрите, и тогаш сте апсолутно сигурни дека нема да направите погрешен чекор при изборот. А добар или лош стил, не е сеедно!
Alexander Wang

Веќе неколку сезони овој дизајнер презентира доста футуристични и авангардни креации, кои не беа по вкусот на повеќето модни критичари. Но полека идеата беше прифатена и дури спроведена од страна и на други модни куќи и сега имено тие силни контрасти ја прават колекцијата стилизирана и уникатна.
Balenciaga

Како би ги опишале моделите на оваа колекција? Форми кои истовремено се и прости и сложени. Особено внимание треба да обрнете на обемните сакоа во комбинација со штампани здолништа. Да таа комбинацијата е една од водечките сезонава.
Bottega Veneta

Силуети от 60-те години. Навистина интересни во колекцијава се фустаните, со сложен крој и детали. Тантелата воопшто не доаѓа премногу и нереално, што е одличен пример како да ја вклучите оваа несекојдневна ткаенина во секојдневието.
Celine

Како и секогаш, минимализам. Интензивно, изчистено и елегантно. Обрнете особено внимание на тоа како се гради силуетата со помошта на блокови боја.
Givenchy

Може да се каже дека целата колекција е изградена околу краткото здолниште, тип молив. Заедничкиот впечаток за колекцијата е мрачен блесок со нота на иронија. Како би ги внеле моделите на оваа колекција во секојдневниот гардеробер? Веројатно со нивното максимално упростување.
Haider Ackermann

Неколку сезони по ред се восхитуваме на формите создадени од овој дизајнер. Оваа есен идеалната форма и интересните бои, е дополнета со игра на материјали. Едноставно невозможно е да не се погледне оваа колекција!
Marc Jacobs

И повторно варијации на тема 60-те години. Основен мотив на колекцијата е игра со материјали со големи точки. Важно е дека составните делови на комплетот може да бидат и самостојни но и како дел на други комплети и притоа да си останат индивидуални и препознатливи.
Marni

Долго време колекциите на марката се прифатени како збирка од чудни парчиња облека, плус одлични аксесоари. Сезонава е поразлично, колекцијата изгледа целосно и фантастично. А работата со обоена кожа едноставно не поразува со своето совршенство.
Miu Miu

За разлика од сите останати што го негуваат стилот на 60-те години, Miu Miu решаваат дека им се поинтересни 40-те. Имено тој контраст ја прави различна колекцијата од сите останати. Обрнете посебно внимание на функционалноста на моделите.
Valentino

Дизајнерскиот тим успева да ја сочува традицијата на познатиот бренд, да го продолжи развојот на дадената тема, и да се вклопи во иднината. Погледнете колку интересно се искомбинирани карето и анимал принтот и како се вклопуваат во големите форми, малите живи дезени.
