Мода

Топ 10 модели на сите времиња

Кои се најпознатите модели на сите времиња?

Модели кои се истакнаа во историјата на модата, модели за кои уште долго време ќе се зборува и ќе бидат инспирација, како за уметниците така и за сите  девојки чија што животна желба е фото-моделството. Жени кои се и биле поразлични од другите, жени кои никако не можеме да ги класифицираме како совршени туку како навистина посебни.

 

Следи листа на оние кои оставиле најголема трага во модниот свет.

1.Suzy Parker

Позната по својата огнена боја на косата и дружење со модните икони како Coco Chanel. Врвот на кариерата го дистигнува во соработка со фотографот  Richard Avedon.

 

2.Jean Shrimpton

Музата на David Bailey која се прослави со модниот скандал во 1965 година. Имено таа се појавила во фустан над колена, пред неа мини сукњата не постоела. Тој скандал и ден денес е познат како „афера со мини сукња“.

 

3.Veruschka

Нејзината појава во култниот филм ‘Blow Up’ која траеше само пет минути е едногласно прогласена за најсекси сцена во истаријата на филмот. Нејзина најпозната фотографија е онаа во францускиот  Vogue во 1968  на која таа позира во сафари облека на Yves Saint Laurenta

 

4.Twiggy

Twiggy е откриена додека работела во фризерски салон, а ја открил нејзиниот дечко кој подоцна и станува и менаџер. Треба ли воопшто да се каже како се прослави Twiggy? Големите трепки, кратката коса, мини здолништата… Daily Expres ја има прогласено за лице на 1966 година.

 

5.Lauren Hutton

Кралица на несовршеноста!!! Со нејзиниот заштитен знак разделени предни заби кои никако не сакала да го намали иако многумина и сугерирле. Но токму и поради таа причина таа отвори нов пат за многу други модели кои подоцна станаа познати токму по нивната несовршена убавина како не пример Cindy Crawford и нејзиниот мадеж. Таа беше култна личност во рекламите на компаниите Charlie и Revlon, нејзина најдобар пријател беше токму Giorgio Armani кој и ја пронајде улогата во филмот „Американски жигало “ во 1980 година.

 

6.Linda Evangelista

Linda Evangelista блесна во друштво на Naomi Cambell и Christy Turlington. Стана пополарна во моментот кога ја скрати косата во 1988, а денес сеуште ја памтиме нејзината изјава „ не станувам од кревет за помалку од 10000 долари“ . „ Таа е најпрофесионалниот модел на целиот свет“ ја опиша Karl Lagerfeld.

 

7.Christy Turlington

Christy Turlington дел од групата на супермоделите од деведесетите. Врвот на кариерата го достигна во кампањатра на парфемот ‘Eternity’ на Келвин Клајн. Позната по совршените црти на лицето но и врските со Christian Slater и Edward Burns.

 

8.Naomi Cambell

Naomi Cambell ја прослави Azzedine Alaia кога на само 15 годишна возраст се појави на неговата ревија. Наоми е првата афроамериканка која се појавила на насловните страници на францускиот и англискиот Vogue. Нејзините пријатели од модниот свет ја сметаат за најсекси афроамериканка на сите времиња.

 

 

 

Најпознатиот модел на денешницата е откриен на JFK аеродромот, а се пробила со неполни 15 години и тоа заради една фотографија во магазинот ‘The Face’. Првата фотографија од неа е направена од фотографката Corrine Day. Што да се каже за Мосс? Таа е онаа која ги прекрши сите правила на модата, милион скандали, наметнува трендови кои се прифаќаат и … и секако некогаш нема да заборавиме дека нејзино момче беше срцекршачот  Johnny Depp.

 

10.Gisele Bundchen

Никој не знае да оди како Gisele! Изјава која сте ја чуле милион пати. Таа стана миленик на модните писти, а ја откри фотографот  Marion Sorrenti.  Gisele е најдобро платениот модел во историјата на модата, а нејзин заштитен знак е апсолутно совршеното тело.

 

Напиши коментар