← НАЗАД НА БОЗА

Топ 10 најромантични локации за венчавки – прв дел

Топ 10 најромантични локации за венчавки – прв дел
1847 Читања

Ви ги претставуваме 10-те најромантични локации за вашата венчавка, кои вашиот најубав ден ќе го претворат во незаборавна бајка.

Гранд Хотел во Фиренца, Италија: Овој хотел се наоѓа на брегот на реката Арно и всушност претставува палата од 18 век која е пренаменета во хотел.  Бил домаќин на свадби на ногу познати италијански, но и светски ѕвезди.

Врв на планина во Нов Зеланд: Доколку сакате романтична локација во природа, изнајмете хеликоптер кој ќе ве однесе на врвот на некоја планина во Нов Зеланд. Со прекрасна глетка врз околните езера, реки, планини, вашата венчавка ќе биде вистинско соединување пред Бог и природата.

Ле Шато Д’Есклимонт во Франција: Овој замок е совршен за оние кои сонувале за свадба како од бајките. Шато Д’Есклимонт е замок изграден во француски стил, кој се наоѓа на 45 минути возење од Париз. Самиот замок се наоѓа на езеро, а нуди прекрасно искуство за своите гости.

Плажите Сеинт Жеран и Белата плажа на Маурициус, Индиски Океан: Овие плажи ви нудат можност за совршена летна венчавка на плажа. Тие се приватни плажи на кои има бунгалови кои може да сместат голем број на гости. Културата на Маурициус има и азиски и афрички елементи, па овие места се совршени за оние кои уживаат во мултикултурните традиции.

Катедрал Пик Хотел во Дракенсберг, Јужна Африка: Овој хотел е многу простран, но она што е уникатно е градбата на самата катедрала која е во склоп на хотелот. Освен самата свадбена церемонија, во овој хотел може да поминете прекрасен одмор со вашите најблиски, или пак меден месец со вашиот партнер.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk