← НАЗАД НА БОЗА

Топ 10 најромантични локации за венчавки – втор дел

Топ 10 најромантични локации за венчавки – втор дел
1954 Читања

Танџунг Сари Резорт во Бали, Индонезија:

Бали веќе долго време се наоѓа помеѓу најромантичните локации на светот за свадби имеден месец. Резортот Танџур Сари се наоѓа во селото Санур. Овој мал интимен резорт има само 26 бунгалови, и е специјализиран за организирање на венчавки на плажа.

Замокот Долхауси во Единбург, Шкотска:

Венчавките во замок ви даваат незаменливо чувство дека имате кралска крв, па затоа многу ѕвезди како Мадона, Пол Макартни и Пирс Броснан одбрале да се венчаат во замок. Еден од најубавите замоци во Шкотска е замокот Долхауси во Единбург, кој потекнува од 13 век. Вашата венчавка може да ја организирате и на отворно, бидејќи замокот се наоѓа на огромен имот. Едно од уникатните искуства кои ги нуди овој замок е ресторанот кој е сместен во занданите под самата градба.

Музејот за уметност „Легија на честа“

се наоѓа на рид и нуди прекрасна панорама на Пацифичкиот океан и заливот Сан Франциско. Овој музеј е одлична локација за вашата свадба и место каде ќе направите неверојатни свадбени фотографии.

Пештерата „Куполата на свети Павле“ во Јужен Велс, Велика Британија:

За авантуристите Јужен Велс нуди прекрасни пештери за истражување и подводно нуркање. Една од најпознатите пештери е „Куполата на свети Павле“, која е магично место за свадбени церемонии. Во самата пештера се наоѓа огромно езеро во кое се влеваат два водопади. Оние кои го посетиле велат дека изгледа како „да е излезено од бајка“.

Бермуда:

Она што ја издвојува Бермуда од другите острови се неверојатните плажи со розев песок. Замислете, свадба на плажа со розев песок! Едноставно незаменливо! Освен плажите, на Бермуда ќе најдете и прекрасни градини и корални гребени, а локалните жители се повеќе од љубезни за да ви покажат дел од својата култура.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk