Ви даваме топ 5 совети за оваа зима. Она што е модерно и како тоа да го носите.
Бело – како да го носите, а при тоа да не е валкано

Оваа сезона белото е во мода. Во продавниците низ градот има многу бели парчиња облека. Одберете бели панталони и бело сако со кошула во некоја јака боја. Доколку сте едни од оние кои не успеваат да ја задржат белата боја подолго тогаш одберте некоја нијанса која не е снежно бела. Или пак одберете на себе да имате некој моден детал со бела боја.
Како да носите “машка” јакна?

Оваа јакна може многу интересно да изгледа со тесни фармерки и екстремно високи чизми. Голема торба и очила за сонце и вие сте спремни.
Фустанче од 60-те

Ова парче треба да го имате оваа зима. Фустанчињата со едноставен крој до колена, во јаки бои се ин оваа зима. Преку ден може да ги носите со балетанки, а навечер со јака шминка и високи потпетици.
Како да носите панталони во јаки бои?

Затоа што веќе констатиравме дека јаките бои се ин и оваа зима, затоа треба да имате панталони со јака боја. Комбинирајте ги со темна боја на палто и чевли.
Како да носите принт?

Оваа зима во тренд е и принтот. Покрај ѕвездичките може да оберете било каков принт. Може да одберете фустан или пак хулахопки со принт.
