ШоуБиз

Топли морнари за насловна – Џастин и Џими:)

Пејачот Џастин Тимберлејк и комичарот Џими Фалон заедно позирале за насловната страна на списанието „GQ“ кое треба да излезе во декември. Во истиот број од списанието ќе излезе и листата на мажи на годината, во различни категории. Едни од титулите им припаднаа на Мила Кунис и на Џеј Зи.

Покрај насловната, Џастин и Џими направиле и заедничко интервју во кое си делеле комплименти еден на друг.

–   Косата на Џими е прекрасна, сакам таква коса, – изјавил Џастин.

–  Џастин има стил. Мислам дека никогаш не би можел да носам такво нешто, но Џастин може да носи секакви луди комбинации. Супер е и бидејќи работи многу напорно, – изјавил Џими.

За фотосесијата тие позирале во морски одела и тоа прегрнати.

Write A Comment