Актерката Тори Спелинг, која пред еден месец го роди третото дете, ја покажа својата чудна смисла за хумор. Си направи интересен спомен-фотографија.
На својата интернет страница таа објави фотографија со ќеркичката Хати облечена во мисирка. Под сликата напишала: „Ок, оваа мисирка не е за јадење, но ако држите диета, за Денот на благодарноста можете да си играте на овој начин. Вашите постари деца ќе бидат воодушевени што можат да им помогнат на мама и тато да направат нешто посебно за најмалото дете во семејството“.

Освен Хати, Тори има уште две синчиња, а неодамна таа изјави дека сака да има уште деца.
