Мода

Тренди блузи за оваа есен – зима

Како модната сезона е во подем , полека но сигурно, модните актуелности се враќаат кон основата. Така многумина  од  модните дизајнери се решиле да ги редизајнираат класичните блузи  подарувајќи им притоа нов и помодерен изглед.  Веќе ги имаме видено скоро сите  модни кроеви на кошули…. од  елегантните преку строго машките  линии  па се до ретро стиловите. Но, блузите дефинитивно  се  едно  од оние парчиња  алишта кои  секако треба да ги имаме без разлика  дали во моментот ни требаат или не.

Ако припаѓате на оние типови кои сакаат покомотна облека,  можете да се одлучите за блузи кои изгледаат / како да сте ги позајмиле од дечкото/.  Значи, оние со широк  крој погодни се за дневни излегувања.  Комбинирани со тесни, модерни  пантолони – траперки  постигнувате  полн моден погодок.

За поелегантен и поубав изглед , можете да се одлучете за поромантични блузи.  Оваа сезона во мода се блузите со панделка, која како моден детаљ им дава посебен шарм  истакнувајќи ја  женственоста. Моделите кои потсетуваат  на 70 – те  и 50 – те години се исто така IN. Што се однесува до материјалот , најпогодни се чипката, свилата и други лесни  – нежни ткаенини.

  Најхрабрите можат да си дозволат  носење и проѕирни блузи!  Ако блузите ви се составен дел и од  деловната гардероба , тогаш ви  предлагаме да имаат построга –  класична линија на кројот.

Дефинитивно,  блузите како еден вид  потребно парче облека се разликуваат и по мода и по стил.   Но, погодни се за сите стилови, така да  покрај дневниот, елегантно го  надополнуваат  вечерниот  изглед. Класични, а во исто време и модерни,  збогатени со некој нов моден детаљ, можат да блеснат во сета своја убавина.

 

Напиши коментар