Едноставно е да се внесете во замката на make up едноличноста и во користењето на истите бои секојдневно. Со само малку вештина и знаење може да дојдете до тотално нов изглед кој ќе ги нагласи најубавите црти на Вашето лице. Кога веќе сакате да си играте со боите, оваа зима Ве советуваме тоа да го сторите со виолетовата. Искористете ја и нанесете ја со што ќе добиете секси smokey eyes изглед, кој најчесто го гледате кај познатите жени ширум светот. Освен тоа виолетовата боја никогаш не излегува од мода, најдобро и ненападно ги истакнува очите.
Целата суштина се крие во соодветната боја која одговара на бојатата на Вашата кожа и Вашите очи. Кај девојките со светол тен, советуваме ладен тон на виолетовата боја, а кај девојките со темен тен и кафеави очи ја советуваме бојата на слива или евентуално црвено-виолетовата нијанса. За да Ви го доловиме конечниот ефект, Ви го нудиме следниов видео клип.
httpv://www.youtube.com/watch?v=e02bXiIcj9g&
