ШоуБиз

Трета среќа за Пол Меккартни?

Сер Пол МекКартни (69) се жени овој викенд, поточно церемонијата е закажана за недела попладне. Поранешниот член на Битлси се жени за 51-годишната Американка, Ненси Шевел во централен Лондон пред помалку од 30 гости. Всушност ќе присуствува само најблиската фамилија, меѓу кои и петте деца на Пол и неговите најблиски пријатели.

Приемот ќе се одржи подоцна во куќата на Пол близу „St John’s Wood“, а викендов куќата се декорира со жолти рози, црвени килими, но и силно озвучување.

Невестата ќе носи фустан дизајниран од ќерката на МекКартни, Стела. Иронично, но, во сабота починатиот Џон Ленон, колега на Пол од Битлси, би наполнил 71 година, кога би бил дел од сета таа прослава.

Инаку, ова е трет брак на Сир Пол МекКартни.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv