Art & Crafts

Три причини зашто треба да ги избегнувате газираните сокови

1.Калциум и магнезиум

Луѓето кои пијат газирано, наместо природни пијалоци како што се млекото, природните сокови и водата не добиваат доволно количини на витамини, калциум и магнезиум. Всушност, една чаша газиран пијалок е богата со фосфорна киселина која само додатно црпи од организмот основни состојки.

2.Фруктоза сируп

Газираните пијалоци содржат калоричен фруктозен сируп. Во нив е високото ниво на слободни радикали кои ги оштетуваат ткивата и може да влијае на развој на дијабетис.

3.Вишок калории

Диеталниот газиран пијалок всушност влијае на зголемување на телесната тежина. Студијата, во која учествувале 1.500 луѓе покажала дека кај 41% од оние кои пиеле од лименка диетален газиран сок дневно го зголемуваат ризикот за зголемување на тежината.

 

Напиши коментар