10–те најголеми светски измами
5. Турчин “автомат за шах”
Турчинот “автомат за шах” кој во 1770 година беше направен од страна на Волфганг фон Кемпелен се здоби со слава низ Европа и беше прикажуван низ целиот свет цели 80 години. Кемпелен со овој пронајдок сакаше да ја импресионира царицата Марија Тереза. Овој автомат функционираше со помош на запченик и лост, но всушност стануваше збор за илузија, бидејќи човек стоеше скриен зад машината и ги движеше нејзините делови со помош на магнети. Оваа машина привлече големо внимание на изложбите во Лондон, Париз и САД, во текот на кои имаше победено неколку од најголемите шаховски мајстори, вклучувајќи го и Наполеон Бонапарта и Бенџамин Френклин. Машината, која предизвика многу дискусии, некои тврдеа дека ја придвижува некаков вид на магија и продолжи да буди интерес и по смртта на Кемпелен. Подоцна беше предадена во музеј, каде што беше запалена, а веднаш потоа голем број на списанија пишуваа за нејзиниот таен механизам.
