ШоуБиз

Убавицата и ѕверот – љубов како магнет!

Светски познатиот топ модел Хајди Клум открива како изгледала нејзината прва средба со сопругот, како ја завел и што му забранува, а што не.

Хајди Клум и Сил за прв пат се сретнале во предворјето на еден хотел во Њујорк, а манекенката тврди дека веднаш почувствувала неверојатна привлечност кон пејачот. Малку филмски, зар не? Сил ја запросил Хајди на многу романтичен начин. Имено, тој изградил иглу на канадските планини и таму ја одвел со хелихоптер.

–  Кога слетавме, околу нас немаше ништо. Зеде гитара, запеа и клекна пред мене – открива Клум за интевјуто на СNN.

Хајди додава и дека нивниот брак се заснова врз меѓусебно разбирање и почитување.

–  Му дозволувам да прави работи кои понегогаш не ми се допаѓаат – додава Хајди и вели дека научила да биде опушена, кога веќе во индустријата на модата сака да шефува.

Хајди Клум има глумено во спотот за песната „Secret“ на својот сопруг, каде се гледа дека хемијата меѓу нив и понатаму е присутна и силна. Воопшто нема потреба за глумење, сè е природно:

Напиши коментар